Трамп ги острани изјавите за муслиманите од својата интернет страница
Од официјалниот сајт на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, се отстранети неговите изјави за неговите планови на муслиманите да им се забрани влез во САД, пренесува денеска весникот „Индепендент“.
Страницата на која се наоѓаа овие изјави беше видлива се до денот на изборите, 8 ноември, но веќе денеска кликот на оваа страница автоматски Ве префрла на страницата на која можете да донирате средства за кампањата на Трамп.
До ова промена дојде во текот на вечерта меѓу 8 и 9 ноември.
По терористичките напади во Париз од минатата година, Трамп повика на забрана за влез во земјата на сите муслимани, што предизвика низа негативни реакции.
Тој тогаш побара забрана се додека не се открие „што тоа, всушност, се случува“.
Весникот наведува дека ова не е првпат Трамп да отстрани нешто од својата официјална интернет страница и потсетува дека минатата година беше отстранета и биографијата на идната прва дама Меланија Трамп, по шпекулациите дека не завршила факултет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово