Македонија
13. May 2024 - 19:46

Странците уживаат во гастрономските приказни

Руралниот туризам и гастрономската понуда магнет за туристите

Руралниот туризам и гастрономската понуда изминативе години  се магнет за туристите. Специфичните начини на подготовка на храната иако не се основниот предуслов за развој на туризмот во Охрид , сепак се од битно значење и претставуваат еден од условите за привлекување на гости.Добрите познавачи сметаат дека потребно е сите субјекти инволвирани во туризмот да работат тимски за збогатување на понудата.

Странските посетители од Холандија,Франција,Италија и Шведска уживаат во уникатната гастрономска приказна покрај тоа што сакаат да вкусат од традиционалните специјалитети имаат можност и самите да учествуваат во подговтвувањето на храната набрана од семејните бавчи на охриѓани кои нудат вакви понуди  .

Викендов со чартер лет пристигнаа и првите 150 холандски туристи кои изминативе години се едни од најбројните на брегот на езерото но и едно од оние кои сакаат да вкусат нешто автентично традиционално од земјата каде престојуваат.