Трамп е согласен со испраќање американски затвореници во Ел Салвадор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е отворен за префрлање на американски затвореници во Ел Салвадор, јави ДПА.
Претходно, претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, понуди да ги смести насилните американски престапници во високобезбедниот затворски комплекс во Ел Салвадор, Центар за затворање ториристи- (CECOT), познат по своите сурови услови за престој.
-Ако можат да ги вдомат овие ужасни криминалци за многу помалку пари отколку што не чини нас, јас сум за тоа, но би постапил само според законот, рече Трамп запрашан од новинарите.
Трамп, исто така, дополни германската агенција, го покани Букеле во Белата куќа на 14 април за понатамошни дискусии на оваа тема.
Предлогот доаѓа откако Вашингтон веќе почна да испраќа стотици осомничени членови на венецуелска банда во Ел Салвадор, очигледно пркосејќи на наредбата на американскиот судија што ја блокира администрацијата на Трамп да изврши такви протерувања.
Оттогаш Букеле ја прошири својата понуда со вклучување на осудени граѓани на САД, сугерирајќи дека тоа ќе го направи затворскиот систем во Ел Салвадор финансиски одржлив.
Групите за човекови права постојано ја критикуваа затворската политика на Букеле, наведувајќи дека спроведува произволни апсења и дека има широко распространето кршење на човековите права, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје