Трамп: Доколку го нападнеме Асад ќе се судриме со Русија
САД можно е да дојдат во судар со Русија доколку го нападнат сирискиот претседател Башар ел-Асад, изјави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Вол стрит џорнал“.
-Мојот став беше, Вие се борите против Сирија, Сирија се бори против ДАЕШ, а Вие морате да се ослободите од ДАЕШ. Русија сега е сојузник на Сирија, а го имате и Иран кој станува моќен заради нас, а кој е сојузник на Сирија. Ние ги подржуваме бунтовниците против Сирија, а немаме поим кои се тоа луѓе, додаде тој, пренесуваат руските медиуми.
Во текот на својата предизборна кампања Трамп изјави дека актуелниот сириски претседател Башар ел-Асад не е идеален сириски лидер, но неколкуте опозициски групи, кои можат да дојдат на власт по неговата оставка, можат да бидат и полоши.
Тој додаде дека неговиот приоритет во Сирија ќе биде да ја елиминира џихадистичката група ДАЕШ, а не да го отстрани Асад од власта.
Ново на Сител
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени