Трамп: Да се стави крај на истрагата за врските со Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп побара прекинување на истрагите за врски на луѓе од неговиот изборен штаб со Русија, што одвоено ги водат специјалниот истражувач Роберт Малер и комисии во двата дома на Конгресот.
- Целата работа со Русија е изговор за поразот на демократите на изборите. Апсолутно немаше дослух со Русија. Тоа треба да се заврши, оти на луѓето им се смачи од тоа, изјави Трамп.
Тој на прес-конференција, која ја одржа заедно со лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, најави дека тие ќе работат заедно на реформата за даночниот систем, што е долгорочна цел на Републиканската партија.
Трамп рече дека односите со Меконел им се добри и покрај претходните информации дека тоа не е така.
- Сега сме веројатно поблиски од претходно, изјави Трамп, додавајќи дека неговата врска со републиканскиот лидер е извонредна, иако во август остро го критикуваше затоа што не успеа да усвои мерка со која ќе се укине Законот за здравствена заштита познат како Обамакер.
Меконел се согласи со ставовите на Трамп и оцени дека американскиот претседател има „претерани очекувања за брзината на Конгресот".
- Спротивно на она што некои од вас известуваа, ние целосно се согласуваме во поглед на агендата за напредокот на Америка, рече Меконел.
Зборувајќи за неговата ривалка на претседателските избори, Хилари Клинтон, Трамп ја покани да се кандидира повторно во 2020 година и оцени дека обвинувањата за сексуални напади изнесени против него во претходните години се „лажни вести“.
Ново на Сител
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција