Траги од динамит пронајдени во остатоците на паднатиот египетски авион
Француските експерти минатата недела при анализи во Каиро, откриле траги од динамит во остатоците од египетски авион, кој во мај се урна во Средоземното Море, пишува весникот „Фигаро“.
Потеклото на трагите од динамит останува нејасно, но откритието предизвика спор меѓу француските и египетските власти.
Египетското обвинителство не им дозволи на француските експерти да ги проучат детално остатоците, наведува „Фогаро“, цитирајќи извор, близок до истрагата.
Египет сака да напише заеднички извештај со Франција, со цел заедно да го потврдат откривањето на траги од динамит.
Париз го одбива тоа, бидејќи француските експерти не добиле можност подетално да го истража случајот.
Патничкиот авион „Ербас А320“ на државната египетска авиокомпанија „Иџипт Ер“, при летот од Париз до Каиро, се собори во источниот дел на Средоземното море на 19 мај, при што загинаа сите 66 патници и членови на екипажот.
Причината за катастрофата останува нејасна.
Аудиозаписи од една црна кутија и други докази, покажуват дека во авионот избил пожар.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција
-
Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија
-
Дали Балканот е под ризик од немирите на Блискиот Исток?
-
Девет жртви во израелскиот воздушен напад во центарот на Бејрут
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ