Македонија
3. October 2024 - 16:32

Пропаднал и последниот обид за решение за пругата до Бугарија

Пропаднал и последниот од вкупно четирите обиди на македонските и бугарските власти за да се најде решение за Коридорот 8 и изградбата на пругата до Бугарија. По политичките пораки кои ги испратија властите во Софија и барањето оставка од министерот Николовски за неговите изјави,  и договорената средба на ниво на државни секретари во Брисел неделава не се одржала. Бугарија повторна нашла изговор до среба да не дојде.

Ресорниот министер Николовски вели дека состанок мора да се случи и сега само заеднички проект на двете страни може да значи решение

Николовски ги повика двата актуелни мобилни оператори во земјава, да почнат да ги почитуваат законите, за да не се следуваат лоши сценарија со казни и принудувања.Од тоа зависи и влезот на трет оператор.

Одблокирани се клучните проекти за изградба на автопатите. До почетокот на следната летна сезона ќе се вози по еден ден од автопатот Охрид - Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун. Приоритет останува Коридорот 10. До крајот на годината целосно ќе бидат завршени автопатите Прилеп-Градско и Ранковце – Крива Паланка. Следната недела од министерството најавуваат нови 10 авио линии од Скопскиот и охридскиот аеродром и 200 илјади повеќе патници.