-->
-->
Трагедија во Галичник: Џип падна во провалија, еден загинат
-->
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 9:45 часот се случила во Галичник.
Од полицијата информираат дека сообраќајката се случила на локалниот пат од центарот на Галичник кон хотелот Неда кога 74-годишниот З.Д. од Маврово управувајќи „Ленд Ровер“ излетал од патот во провалија, удрил во потпорен ѕид и застанал на пат што води кон долно маало во селото.
На лице место животот го загубил возачот, а со тешки повреди се здобил сопатникот М.Р. (37) од селото Присојница кој по укажаната лекарска помош во гостиварската болница е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на местото на несреата извршиле полициска екипа и јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ