Балкан
14. September 2015 - 17:37

Трагедија: Поради овие момчиња плаче целиот град

Елмдин Тутич (17), Фарис Шемсович (20), Мерван Џанковиќ (21), загинале во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на магистралниот пат Нови Пазар - Рибариче.
Нивниот другар Алмир Хајрович (21) е во Клиничкиот центар во Крагуевац каде лекарите се борат за неговиот живот, додека Алем Смајлович (23), кој исто така бил во автомобилот е префрлен во општата болница во Нови Пазар каде е сместен на интензивна нега.
Поради оваа невидена катастрофа за утре е прогласен Ден на жалост.
 
Според првиот извештај, петте момчиња од Нови Пазар биле во автомобил „мерцедес“ кој ја пробил заштитната ограда на мостот во Крагуевац и од висина од околу 30 метри паднал во ливада, притоа се превртел неколку пати.