Трагедија: Најмалку 32 загинати во автобуска несреќа во Тајван
Најмалку 32 лица загинале, а 13 се повредени во Тајван, кога автобус кој превезувал туристи, се превртел на патот, близу до главниот град Тајпеј.
Во соопштението на локалната полиција се вели дека најголемиот дел од патниците биле постари луге од главниот град, кои се враќале од учеството на празникот на „црешовиот цвет“ во градот Тајчунг.
Според полицијата, нема загинати или повредени странци.
Засега не се знае што била причина за несреќата, но полицијата верува дека превртувањето, што се случило на еден остар свиок, било предизвикано од неприлагодената брзина на автобусот со приликите на патот.
Тајван важи за една од најбезбедните земји во светот, но критичарите на тамошните прилики тврдат дека властите мора да ги унапредат безбедносните стандарди.
Во јули минатата година, во автобуска несреќа загинаа 26 лица, откако возилото се запали и целосно изгоре.
Истрагата подоцна утврдила дека возачот на автобусот, бил самоубиец, кој самиот го запалил возилото и ја предизвикал катастрофата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден