Трагедија на патот кон Велес - едно лице загина
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот од Скопје кон Велес, несреќата се случила веднаш по првиот тунел во која Н.Т.(69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола над возилото кое излетало од патот и паднало во провалија. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал Н.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот М.Н.(66) од Скопје кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата