Трагедија: Мртво тело пронајдено во двор во росоманското село Паликура
Во росоманското село Паликура вчера попладне е пронајдено починато 50 годишно лице во дворот од семејната куќа, потврди утрово Деана Недељковиќ, од Секторот за односи со јавност и протокол при МВР.
Како што информираше Недељковиќ, по наредба на јавен обвинител, а заради утврдување на причината за смртта, телото на лицето со иницијали Б.А било дадено во Судска медицина за обдукција.
- Вчера околу 17 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека во дворот на семејната куќа во селото Паликура било пронајдено починато лице. Смртта ја констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци, а според првичните информации, немало видливи траги на насилство. Сепак причината за смртта ќе ја покаже обдукцијата, нагласи Недељковиќ.
Увидна екипа на СВР Велес и јавен обвинител од Велес извршиле увид на лице место.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол