-->
-->
Традиционален новогодишен концерт на „Танец“
-->
Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечерва на големата сцена на Македонската опера и балет ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.
„Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении. Тој е културен амбасадор кој ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.
Има учестувано на повеќе од 4.500 концерти во земјава и светот.
Официјано е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. За успехот на „Танец” говорат бројните награди и признанија како што се „11 Октомври”, „Климент Охридски”, наградата од градот Скопје „13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен од претседателот на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците