Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
Продолжува голготата на пациентите кои имаат потреба од операција на жолчка, колк или потенцијално малигно заболување. Веќе 16 дена хируршкиот блок во клинички центар е надвор од функција а смрдеата и старата инсталација на хирургија веќе го парализираше здравството.
Заменик министерката Манолева на средба со директорите на хируршките клиники вели дека пронашле некои алтернативни решенија кои не се знае кога ќе почнат и кои не значат целосно решавање на проблемот.
-Да отпочнат со работа сите хируруршки клиники во сали со надворешни компресори и садови со компримиран воздух. Оперативниот план и редослед да се реализира согласно одлуките на стручните колегиуми на секоја клиника во рамки на индивидуалните капацитети, вели Маја Манолева, заменик министер за здравство.
Ако можело така прашање е зошто досега се чекало и дали од утре ќе има повеќе операции на хирургија. За разлика од заменичката, д-р Николов од Kомисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека 16 дена не функционира рбетниот столб на системот од кој најмногу страдаат пациентите.
-Треба сите да го поставиме прашањето што се случува со пациентите кои имаат потреба од хируршки третман. Што се случува со пациенти кои имаат малигни заболувања кои треба итно да се оперираат, вели д-р Игор Николов – Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
Овие 16 дена целиот товар е на клиниката Свети Наум Охридски и ГОБ 8 ми септември а Манолева допрва на седница ќе бара од Владата да наложи итни мерки. Д-р Николов бара да обелоденат акциски план.
-Ќе побарам од Владата да им наложи на заеднички служби итна набавка на компресорска станица и промена на инсталацијата за кислород и комримиран воздух, вели Манолева.
-Не се преземаат мерки за намалување на листите на чекање и тие и понатаму се трупаат. Предлогот е да се направи акциски план со конкретни активности за да оваа несакана состојба не предизвика поголеми последици, вели Николов.
И додека салите на хирургија не функционираат, илјадници хронични операции се одложени и пролонгирани а пациенти најавуваат и тужби.
-
Сања Димитровскa
Сите содржини од овој новинар