Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени во Полицискиот центар Ѓорче Петров, соопшти МВР.
Во рамки на посетата министерот направил кратка обиколка на центарот, ја посетил спомен собата на ЕБР и оддржа работен состанок со поширокото раководство на двете единици.
-Од страна на командантите на двете Единици бев запознаен со структурата и делокругот на нивната работа и во тој поглед ЕБР е Единица која постапува главно за воспоставување на јавниот ред и мир при спортски натпревари, јавни манифестации и масовни демонстрации, при справување со вооружени и екстремистички криминални банди во планински и рурални средини, при апсење на опасни лица, а дава асистенција и на други организациски единици во МВР, но и на други институции. Исто така, беше потенциран проблемот со трендот на намалување на бројот на припадници на Единицата и се помалиот интерес за работа што во иднина може да го доведе во прашање високото ниво на ефикасност во нивната работа. Од аспект на опрема потребен е континуитет во набавката на опрема и возила кои недостастуваат во последниот период, подвлекол министерот Тошковски.
Како што стои во денешното соопштение од МВР, што се однесува до ЕОП оваа Единица е сочинета од 3 батаљони кои се сочинети од редот на редовните полициски службеници низ Секторите за внатрешни работи. Нивниот делокруг на работа, велат од Министерството, е главно при нарушен ЈРМ од поголем обем и давање на поддршка и спроведување на обуки за другите организациски единици во Министерството.
Од страна на министерот Тошковски била изразена благодарност за професионализмот што го покажаа во контекст на изборите и кој овозможи да имаме безбеден изборен ден и потенцираше дека во иднина секогаш ќе дава поддршка на специјалните единици бидејќи тие се првиот столб за заштитата и зачувувањето на безбедноста и суверенитетот на државата.
Ново на Сител
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари
-
Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието