Македонија
22. March 2024 - 18:52

Тошковски: Остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти

Нашата држава на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање одговор во рамки на европскиот глобален пристап за справување со регуларни и ирегуларни миграции при што остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти, истакнал техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање на министерската конференција на Брдо процесот што се одржува во Крањ, Република Словенија, соопшти МВР.

Тошковски, кој веќе втор ден присуствува на министерската конференција во Крањ, како што информираат од МВР, на маргините на конференцијата оствари билатерална средба со словенечкиот министер за внатрешни работи Боштан Поклукар на која се разговараше за неколку толку од заеднички интерес на нашите две држави.

-Од министерот Поклукар побарав да продолжи соработката во делот на обуките за хеликоптерските единици, а воедно ја истакнав и потребата од интензивирање на процедурите за меѓусебно признавање на возачките дозволи. На крајот се заблагодарив за разбирањето што го има Словенија за проблемот со патните исправи, како и за силната поддршка што ни jа дава на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија, потенцирал Тошковски.