Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
Поради нелегално издавале дозволи за поседување на оружје и работење спротивно од законот, петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерот на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје.
„По извршена темелна истрага од страна на Комисија која спроведе ревизија за претставките, се констатираше дека кај огромен број на предмети, над 5.000 предмети не било постапувано во минатото, а притоа, голем број предмети кадешто апликантите не исполнувални услови им била давана дозвола за оружје“, рече Тошковски.
Министерот објасни дека селективно се постапувало само за предмети за кои интерес имал конкретен полициски функционер да даде наредба, а тоа не се правело хронолошки. Вториот пробелем, рече Тошковски, се однесува на конкретни лица кои не посадувале законски услови кога им биле давани дозволите.
Тошковски најави дека во наредниот период ќе следат и кривични пријави за оние за кои постојат докази дека сториле кривично дело.
За решавање на проблемот кој со години бил таложен, создадена е дигирална алатка која ќе овозможи неселективен и системски пристап кон дозволите за поседување на оружје, најави министерот.
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец