Свет
15. April 2019 - 11:10

Торнадо ги опустоши САД: Силното невреме уби 8 лица, а ова е само почеток на невремто

Најмалку осум лица меѓу кои и три деца, настрадле во торнадото во југот на САД. 

Силното невреме ги погоди американските држави Тексас, Мисисипи Мисури, Алабама и Луизијана. 

Повеќе куќи и деловни објекти во Висконсин и Хамилтон, Мисисипи, се оштетени, а дел од потрошувачите останаа без електрична енергија.
 
 Во болница се примени 25 лица, со повреди од различен степен.
 
Повеќе од 150.000 домови и деловни објекти останаа без струја во Тексас, Мисисипи, Мисури, Алабама и Луизијана.