Џет-Сет
13. January 2016 - 10:44

Топлес: Елена Ристеска без шминка и без облека

Елена Ристеска на обвивката од најновиот албум „Без шминка“ позираше топлес, а на промоцијата имаше и  ретроспективна изложба на досега необјавени професионални фотографии од неа. Присутните имаа можност да погледнат уште еден дел „Без шминка“ од животот на пејачката.

Сега таа од ден на ден на социјалните мрежи објавува по една фотографија од оваа изложба, која е дело на фотографите Ани и Дими.

На последната фотографија пејачката позира во долго розово здолниште со висок шлиц. Таа е боса и топлес. Ова нејзино издание крена прашина на социјалните мрежи.

Вистина.мк