Тенис
31. August 2016 - 12:11

Томиќ: Гледач ме провоцираше на мојот јазик, српско-хрватски!

Бернард Томиќ, австралиски тенисер со хрватско потекло, познат по своето непримерно однесување на турнирите, својот жесток темперамент го покажам и на УС Опен, односно на мечот од првото коло против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.

 

Незадволен од дофрлањата од трибините, во финишот на првиот сет, Томиќ вербално се пресметал со еден од гледачите. Речникот кој го употребил младиот тенисер ја запрепасти тениската јавност. „Suck my balls!“, му рекол Томиќ на запрепастениот гледач и продолжил: „I will put my balls in your mouth. I will give you some money to make you feel good“.

Томиќ се извинил за зборовите кои ги употребил, но рекол дека тој гледач од почеток на мечот го нервирал и него и сите други на трибините.

„Кога по завршувањето на првиот сет тој човек замина од трибините сите беа среќни, бидејќи беше досаден. Зборуваше само негативни работи. Не знам кој е тој, јас бев фокусиран на мечот. Ми дофрлаа на мојот јазик, на српско-хрватски. Микрофоните тоа не го снимија“, рекол Томиќ.

Инаку, Томиќ го заврши настапот на УС Опен откако загуби од Џумхур со 4-6, 3-6, 6-4, 6-7.