-->
-->
Тој го однел 9-годишното девојче дома по операцијата - Година подоцна, бил ангел за семејството!
-->
Малата Зубаида Хасан живеела со своето семејство во едно мало село во Авганистан.
2001. година, кога имала само 9 години, Зубаида преживеала пожар и нејзиниот живот засекогаш се променил. Оганот изгорел поголем дел од нејзиното лице и гради.
Нејзините изгореници биле навистина сериозни. Долната половина на лицето буквално се стопила исе споила со градите. Нејзините родители ја носеле во сите локални болници, но лекарите велеле дека не можат ништо да сторат. Во 2002. година, една година по несреќата, нејзиниот татко се обидел да ја однесе во воената база на Америка.
Војниците се смилувале над Зубаида и нејзиното семејство. Девојчето трпело мног големи болки и не можело да заспие, бидејќи нејзините очи не можеле да се затворат целосно. Базата го контактирала пластичниот хирург од Лос Анџелес, Питер Гросман. Тој бил специјализирал жртви со изгореници, но не знаел колку е тешок овој случај.
Зубаида со својот татко отишла во Лос Анџелес за да се сретнат со д-р Гросман и неговиот тим. Докторот веднаш знаел дека треба нешто да направи за да и помогне. Проценил дека нејзиното закрепнување може да трае околу 3 години и дека мора да и направат многу операции.
Гросман и неговиот тим користеле кожа од грбот за време на операцијата.
Овој хирург ги докажал своите вештини во секоја операција. Полека, лузните почнале да се трансформираат во лице на девојчето.
За време на серијата операции, Гросман многу се врзал за девојчето. Кога таткото на Зубаидан морал да се врати во Авганистан, Гросман и сопругата одлучиле да се грижат за неа за време на нејзиното обновување. Тие немале деца, па присуството на Зубаида им донело смеа и енергија во животот.
Зубаида била полна со ентузијазам и талент. научила англиски јазик за 12 недели во училиште и стекнала нови пријатели. Брзо почнала, Гросман и неговата сопруга да ги вика, мама и тато. Го прославила својот 11. роденден, а истовремено и својата 10. операција. После само една година, наместо три, обновата на Зубаида бил скоро завршен- како и времето кога морала да го напушт семејството Гросман.
Разделбата била тешка и за двете страни, но сите знаеја дека Зубаида мора да се врати дома. Доктор Гросман, летал со неа до Авганистан за да им ја врати на родителите. Хасанови не можеле да им поверуваат на своите очи кога ја виделе својата ќерка како друга личност. Останале без текст.
Доктор Гросман никогаш нема да ја заборави својата пациентка или неговата посвоена ќерка Зубаида.
- Ако дознаам дека си се омажила на 13 години ќе те шутнам по задникот, - се насмевнал докторот. Таа и нејзиното семејство засекогаш ќе му бидат благодарни на доктор Гросман, нивниот анѓел чувар од Америка.
Погледнете ја цела нејзина приказна...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори