-->
-->
Тодоров: Го обедивме Партизан и помисливме дека сме голем клуб
-->
По убедливио пораз од ФМП 100:72 на прес конференцијата тренерот МЗТ Скопје Александар Тодоров изјави:
- Честитки за ФМП за победата. Водеше 30 минути, беше подобар тим и во последната четвртина постигна 30 поени или вкупно 100. Нашиот капитен (Дамјан Стојановски) кажа дека не игравме според договореното, тоа е вистина. Но, многу поважно е на начинот на кој излеговме да ги браниме боите на нашиот клуб. Очигледно е дека некои во екипата не знаат кој дрес го носат. Не е проблем планот на играта, туку борбеноста и пристапот. Го победивме Партизан и помисливме дека сме голем тим. Во последната четвртина стоевме на теренот.
Со многу самокритика пред новинарите зборуваше и капитенот Дамјан Стојановски:
- Не почитувавме тоа што беше договорено. Треба да се срамиме за начинот на кој игравме и се боревме. Прво јас, па сите останати.
Следниот натпревар од 3.коло од АБА лигата МЗТ Скопје го игра на домашен терен со Задар на 9.октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести