Точката за избор на заменици министри последна на дневниот ред
Собранието на РМ по едночасовната пауза со 104 гласа „за“ го усвои дневниот ред на петтата собраниска седница. Мозинството во Парламентот го поддржа барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ точката за избор на заменици министри наместо 10-та да биде поместена последна на оваа седница со цел како што рече да имаат време да се подготват за дебата по точката.
Пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ процедурално од име на мнозинство рече дека ќе го поддржат предлогот на опозицијата во интерес на конструктивноста како и во интерес на граѓаните.
Во текот на седницата беше избран и персоналниот состав на Комисиите и на работните тела во Собранието на РМ. За одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија гласаа 102 пратенци, а еден беше воздржан.
Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски потенцира дека со одлуката која претходно беше донесена песронално беше избран составот само на три комисии, но со предлогот за измени на оваа одлука се врши комплетирање на изборот на 21 комисија. Останува, додаде, изборот на претседател на уште една комисија, како и на неколу членови кои треба да бидат од редовите на БЕСА.
- На овој начин се создаваат услови Собранието да работи комисиски по текстови на закони, рече Димовски.
Пратениците ја донесоа и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на РМ. Како што појасни Димовски се работи за повлекување на некои од членовиите од Комисијата од редовите на СДСМ и коалициата кои не се веќе пратеници.
На денешната седница беше разрешен од функцијата заменик на Народниот правобранител Даут Селими поради заминување во пензија.
Беа донесени и одлуките за изменување на Одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, за основање на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, потоа Одлуката за надоместок на трошоците на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати се избрани пратеници во Собранието на Република Македонија и на учесниците во изборната кампања од чии листи на кандидати не се избрани пратеници во Собранието на Република Македонија. По однос на последната одлука Тунтев појасни дека станува збор за законска обврска, а која се реализира согласно поднесените извештаи на партиите.
Во однос на Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, како и за уште неколку точки беше истакнато дека за нив ќе се расправа по исполнување на деловничките можности, односно откако ќе бидат разгледани на матичните комисии.
Собраниската седница ќе продолжи по редовната пауза.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период