Македонија
7. August 2016 - 17:43

Тинекс донира 24.000 литри вода за настраданите од невремето во Скопје

Компанијата Тинекс денеска организираше донаторска акција за помош на жителите од настраданите подрачја во Скопје.

Тинекс донира пакети со 24.000 литри вода. Донацијата започна да се доставува во основното училиште „25 Мај” во село Сингелиќ, а од таму водата ќе биде пренесена во кризниот штаб во село Стајковци од каде ќе биде адекватно распределена на сите жители од околните подрачја на кои им е неопходна во овие тешки моменти.