Свет
1. December 2017 - 11:20

Тилерсон следната недела ќе се сретне со министрите на ЕУ и НАТО во Брисел

Министрите за надворешни работи на Европската унија во вторник ќе имаат заедничка средба со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. 

Предвидена е уште една средба во сличен формат да се одржи истиот ден, меѓу министрите за надворешни работи на НАТО. 

Помеѓу САД и ЕУ има неколку спорни прашања, меѓу кои за борбата против климатските промени и прашањето за слободна трговија.