Македонија
31. December 2023 - 12:43

Тетовец со „Голф“ удрил во малолетничка кај Групчин

На 30.12.2023 околу 15.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во с.Групчин, тетовско, патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(29) од с.Ларце, тетовско, удрил во малолетен пешак од Тетово.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Тетово“, велат од МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.