Тестирањето на вакцината на АстраЗенека стопирано поради воспаление на ’рбетниот мозок на еден доброволец
Завршните клинички испитувања на вакцината против коронавирус, развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, беа суспендирани откако учесникот во студијата имаше несакана реакција. Иако фармацевтската компанија не даде детали за негативната реакција развиена од еден од вакцинираните волонтери, во меѓувреме се појави информација дека тој има трансверзален миелитис, односно воспаление на ‘рбетниот мозок, пренесува Би Би Си.
АстраЗенека го опиша прекинот како „рутински“, а болеста како „необјаснета“. Сепак, „Њујорк Тајмс“ известува дека доброволец во британската група испитаници развил воспалителен синдром кој влијае на ‘рбетниот мозок и кој може да биде резултат на вирусна инфекција или жариште на автоимуна болест.
Оваа болест вклучува целосен попречен пресек на ‘рбетниот мозок што спречува комуникација помеѓу мозокот и телото под нивото на воспаление. Симптомите се манифестираат само во дел од телото под линијата на воспаление и се поврзани со тешко движење и сензорни проблеми.
Времето на дијагностицирање, како и дали е поврзано со примената вакцина, сè уште не е познато. Независна истрага допрво ќе утврди дали болеста е последица на реакција на вакцината.
Би Би Си наведува дека ова е вторпат тестирањето на вакцината на Оксфорд да биде стопирано од април, кога започна тестирањето врз луѓе. Конечното одобрување за продолжување на тестирањето го издава надлежниот здравствен регулатор и оваа постапка трае неколку дена, но дотогаш сите понатамошни вакцинации во сите земји кои учествуваат во тестирањето се привремено прекинати.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје