-->
-->
Тешко повреден моторџија во сообраќајка кај Арачиново
-->
Ноќеска околу 00.15 часот на патот Скопје-Арачиново се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Скопје и мотоцикл непозната марка без регистарски ознаки, управуван од С.Е. (20) од Скопје.
По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, во Ургентен центар Скопје бил пренесен С.Е. кој се здобил со тешки телесни повреди. Додека, во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ бил префрлен сопатникот на мотоциклот И.Љ. (32) од с.Арачиново, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата