-->
-->
Тешко гостување на Вардар кај фаворизираниот Зенит
-->
Македонскиот шампион Вардар вечерва ќе го одигра петтиот меч во групната фаза на Лига Европа.
Вардарци кои досега немаат освоено ниту еден бод, односно беа поразени на сите пет средби ќе имаат тешка задача да останат непоразени во дуелот против Зенит кој е еден од главните кандидати за највисок пласман во ова натпревраување.
Црвено-црните не заминаат во Санкт Петербург со бело знаме, напротив, ќе се обидат да се надигруваат со фаворизираниот противник, вели тренерот Чедомир Јаневски.
-Дојдовме тука да не се затвориме и да играме што се вели на „нула“, туку ќе настојуваме да дадеме гол. Ако сакаме добар резултат ќе треба да направиме се да го сочуваме својот гол исто така како и да дадеме гол. Да се покажеме во подобро светло, и да направиме напредок и во игра и во резултат“, изјави Јаневски.
Дуелот, од претпоследното 5.коло меѓу Зенит – Вардар ќе започне од 19 часот, како и втората средба од Л групата во која Розенборг – Реал Сосиедад.
Инаку Зенит е еден од петте тима кои во пресрет на ова коло веќе имаат обезбедено место во нокаут фазата. Покрај руската екипа тоа досега го направија и: Динамо Киев (Б група), ФЦС Букурешт (Г група), Арсенал (Х група), Лацио (К група).
Затоа пак Вардар заедно со Евертон и Макаби Хаифа, се трите тима без теоретски шанси за европска пролет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање