Македонија
6. August 2016 - 13:07

Тешка сообраќајна несреќа кај Ѓавато - повредено петгодишно дете

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 10.10 часот на патот Ѓавато-Тополчани меѓу автомобил марка „Тојота Аурис“ со скопски регистерски таблички кој бил управуван од 40-годишниот В.В од Скопје и автомобил марка Фолцваген пасат“ исто со скопски регистерски таблички управуван од 37-годишниот Д.А. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возлиото „Фолксгавен  Пасат“ на возраст од пет години по што во Клиничката Болница во Битола укажана му била лекарска помош, а потоа  пуштен на домашно лекување, соопштуваат од полицијата.

Полциијата направила увид на местот на несреќата.