Македонија
9. January 2018 - 10:50

Тешка сообраќајка во Хром, две лица завршија во болница

Вчера во 15.20 часот на ул. „Воин Драшковци“ во Скопје, во близина на крстосницата со ул. „Ибе Паликуќа“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (35) од Скопје и патничко возило „Фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ. (21) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле Д.П. и Х.Ѓ., кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Скопје.

Кај Х.Ѓ. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, додека кај Д.П. биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот  звршила екипа од СВР-Скопје.