Тешка сообраќајка кај Љуботен - повредени четири лица меѓу кои и деца
Тешка сообраќајна несреќа се случила кај с. Љуботен, повредени четири лица меѓу кои и деца. Според информациите на МВР, вчера 19,30 часот на локалниот пат с.Радишани-с.Љуботен кај место викано „Ризова чешма“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.З.(21) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес А“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Ј.(47) од Скопје.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатник на возраст од 17 години од возилото „Фолксваген Голф“ додека со телесни повреди се здобил возачот на “мерцедесот“ Х.Ј. како и двајца негови сопатници на возраст од по 12 години. Возачот на „голфот“ С.З. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано