-->
-->
Терористите не запираат : Четири лица убиени и над 20 ранети во нов џихадистички напад
-->
Најмалку четири лица, меѓу кои еден полицаец се убиени, а 22 се ранети во експлозија на бомба и вооружената престрелка по неа во округот Кишорганџ во североисточниот дел на Бангладеш на 117 километри од главниот град Дака, соопшти полицијата.
Експлозијата одекна изутрината за време на најголемата молитва во земјата на брегот на реката Тигар за муслиманскиот празник Ајд ал Фитр, со кој се одбележува крајот на Рамазан.
Полицискиот пункт на околу еден километар од местото за молитва, на кое се собрале околу 200 илјади лица, ги спречил напаѓачите да ги внесат бомбите меѓу луѓето.
Во престрелката со полицијата на местото на експлозијата е убиен еден од напаѓачите, а еден е уапсен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Имплементација на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2"
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата