-->
-->
Тер Штеген останува уште 5 години во Барса
-->
Фудбалскиот клуб Барселона го продолжи договорот со германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген до јуни 2022 година. Во новиот договор на Германецот е вметната откупна клаузула од 180 милиони евра.
Тер Штеген е во Барселона од 2014 година, а оваа сезона по заминувањето на Клаудио Браво беше промовиран во прв голман на Каталонците. Досега германскиот репрезентативец има одиграно 93 натпревари за Барселона.
Каталонскиот клуб досега ги обнови договорите со Хавиер Маскерано, Луис Суарез, Нејмар, Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс. Клубот во изминатите месеци води интензивни преговори со Андрес Иниеста и Лионел Меси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата