Живот
7. јуни 2016 - 9:29

Тенк од времето на Советскиот сојуз удрил во дискотека

Тенк од времето на Советскиот Сојуз удрил во дискотека во градот Шубин во Полска, за време на свеченото отворање и целосно ја расипал забавата.

Во инцидентот никој не е повреден, а несреќата се случила кога гостите кои дошле на промоцијата на новиот клуб, чиј дел требало да биде и прикажување на советските машини, само што почнале да пристигнуваат. 

- Сопирачките и управувачот на тенкот откажаа кога сакав да го паркирам пред клубот, изјави Рафал Пасионек, сопственик на тенкот и дискотеката „Моно клуб“. 

- Имав среќа што тенкот запре при ударот во бетонскиот столб. Да поминеше и тука сигурно ќе имаше многу штета, додаде Пасионек.