Македонија
25. December 2016 - 8:46

Температурата во благ пораст - Од вторник снег и дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до девет степени.

Во почетокот на следната недела под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи стабилно и суво време. Температурата ќе биде во благ пораст. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на дневната температура и услови за слаби локални врнежи од снег и дожд.