Телеком во првите шест месеци со раст на нето добивката
Македонски телеком во првите шест месеци оствари нето добивка од 816 милиони денари и бележи зголемување за 33,5 проценти.
Приходите, како што соопштуваат од компанијата, е од продажба изнесуваат 5.017 милиони денари, што претставува зголемување за еден отсто во споредба со истиот период од претходната година.
На крајот на првите шест месеци има 209,6 илјади корисници на фиксни говорни услуги со учество од 57,4 проценти на пазарот. Во однос на ТВ пазарот, има 29,1 отсто удел во вкупниот ТВ пазар. Компанијата оствари зголемување на бројот на IPTV корисници за 8,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира со база од 121,7 илјади корисници на крајот од првите шест месеци од 2018 година.
Од компанијата оценуваат дека вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет на крајот од првите шест месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 189,9 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет за истиот период е 44,8 отсто, според интерна проценка.
На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел на пазарот од 48,4 отсто. Базата на претплатници на крајот од првите шест месеци од 2018 година изнесува 1.172 илјади и е намалена за три отсто во однос на истиот период од претходната година.
Приходите од неговорни услуги во мобилниот сегмент се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура