Телефонски разговор Саливен – Катругалос: Поддршка од САД за Преспанскиот договор
Задоволството на САД за финализирањето на Договорот од Преспа му го изразил заменик државен секретар н САД Џон Саливен на шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос за време на нивниот телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
-Саливен му честиташе на Катругалос за преземањето на новата должност и го изрази задоволството на САД за финализирањето на Договорот од Преспа и ратификацијата на Протоколот за приме на Република Северна Македонија во НАТО. Катругалос ја истакна улогата на Грција, во соработка со Кипар, како столб на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Југоисточниот Медитеран, соопштуваат од грчкото МНР.
Министерот за надворешни работи на Грција, го информирал Саливен за претстојниот трилатерален Самит Грција – Кипар – Израел, но и за неговото учествот на следниот НАТО Самит на 3 и 4 април во Вашингтон. И двајцата, според Министерството за надворешни работи на Грција, се согласиле за важноста на стратешкиот дијалог меѓу Грција и САД.
Заменикот државен секретар на САД Џон Саливан, вчера телефонски разговараше и со премиерот Зоран Заев. Заеднички е оценето дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за Скопје и за Атина, но и за целиот регион.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија
-
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
-
ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции
-
Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани
-
Најмалку 51 жртви во пожар во дискотека во Кочани
-
На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани
-
МВР: Се приведуваат сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани
-
ОЈО: Бројот на жртви и повредени во пожарот во Кочани се утврдува