Телефонски разговор Обама-Трамп: Двете страни задоволни од текот
Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараше со неговиот наследник Доналд Трамп, соопшти доцна синоќа Белата куќа.
Според портпарлот на Белата куќа, Ерик Шулц, разговорот бил „позитивен и фокусиран кон обезбедувањето на непречна и ефикасна тразиција“ на власта.
Шулц нагласи дека Обама и Трамп се договориле нивните тимови да породлжат да работат заедно се до инаугуративната церемонија на новиот претседател на 20 јануари.
Трамп од своја страна на Твитер објави дека имал „одличен телефонски разговор“ со Обама.
Како што јави ДПА, разговорот уследи откако претходно Трамп обвини дека неговиот транзициски тим наидува на пречки од страна на Администрацијата на Обама.
Обвинувањата уследија откако Обама изјави дека доколку тој се натпреварувал за нов претседателски мандат ќе ги победел Трамп. На ова Трамп одговори дека прави „се што е можно да не обрнува внимание на провокативите изјави на претседателот О, и на пречките што тој ги поставува“.
Ново на Сител
-
Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени
-
Уапсено лице за фалсификување монети во акција на македонската и косовската полиција
-
Ѓоковиќ сака да настапи на ОИ 2028
-
Приведено 20-годишно лице од Скопје, барано со потерница за казна затвор
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница