Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со австрискиот претседател Ван дер Белен
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.
За време на разговорот, како што соопшти неговиот Кабинет, биле разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.
Претседателот Пендаровски го информирал австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.
Во разговорот претседателот Ван дер Белен пренел дел од австриските искуства и мерки што државата ги презема во справувањето со ширењето на КОВИД-19.
– Поздравувајќи ја помошта што дел од компаниите со доминантен австриски капитал во земјата ја дадоа за справување со последиците на пандемијата, како и досегашната помош на ниво на Европската Унија и демонстрираната солидарност со државата, претседателот Пендаровски во разговорот со австрискиот претседател Ван дер Белен ја истакна потребата за сеопфатна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот, за справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на здравствен, економски и социјален план, стои во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил и за јасната австриска поддршка за аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија и истакнал дека неодамнешната одлука за почеток на пристапните преговори за членство е заслужено признание за напорите на државата во изминатиот период. Пендаровски изразил очекување, во овие вонредни околности, Европската Унија да изнајде модалитети за движење на интегративниот процес напред.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите