-->
-->
Течат роковите за изборите на 12 април
-->
Неизвесно е како мерките за спречување на коронавирусот во земјата, но и во државите од Европа поради евентуално гласање во дијаспората ќе се одразат на планираните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. За четврток е закажана средба на премиерот и лидерите на најголемите политички партии, од која треба да се очекуваат следните чекори. Во меѓувреме течат роковите за изборите предвидени од Државната изборна комисија (ДИК).
Македонските државјани кои живеат и работат во странство имаат можност до вечер на полноќ да се пријават за гласање на предвремените парламентарни избори закажани на 12 април. Тие исто така до полноќ можат да направат увид на своите податоци во Избирачкиот список, како и избирачите во земјата, преку веб апликацијата на ДИК на веб страната, а во земјата и во подрачните единици и канцеларии на ДИК.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до вчера до 11:30 часот за гласање во дијаспората се пријавиле 5.012 македонски државјани, а прифатени се барањата на 4.132 нашинци, необработени се 843, а одбиени 32 пријави. Најмногу пријавени за гласање има во Мелбурн, Австралија, каде засега има 470 прифатени барања за гласање, потоа во Венеција, со засега 425 прифатени барања, Берлин со 403, и Берн, со 293 прифатеми барања.
Неизвесно е дали ќе има гласање во дијаспората, ако се знае дека за тоа се потребни пријави од над 6540 нашинци од дијаспората, онолку колку што освоил пратеникот со најмалку гласови на минатите избори. И доколку има избори неизвесно е дали тие ќе можат да се спроведат и да се организираат во подрачја кои се во карантин поради КОВИД-19, како Венеција, каде за гласање има пријавено преку 400 гласачи.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски пред неколку дена за МИА изјави дека македонските државјани кои сакаат да гласаат на изборите тоа најчесто го прават електронски, и дека до вечер односно до утре ќе се знае дали ќе бидат организирани избри во дијаспората.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина