Тебас бара разумно објаснување или оставка од Лапорта
Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, чека објаснување од Барселона во врска со скандалот поврзан со исплата на милионска сума на поранешниот потпретседател на судискиот комитет.
Деновиве се појави информација дека каталонскиот клуб платил 1,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој тогаш беше потпретседател на техничкиот судиски комитет, во периодот од 2016 до 2018 година. Клубот појасни дека службеник на Шпанската фудбалска федерација бил платен за извештаи за млади играчи и судење. Се дозна дека Барселона од 2003 година префрлила на Негреира 4,7 милиони евра. Трансферите од клубот сочинуваа 95% од прометот на неговата компанија од 2016 до 2018 година.
- Досега тие само изразија длабока загриженост и најавија почеток на внатрешна истрага, но ништо повеќе. Не следеше јасно објаснување, само порака од која можеше да се разбере дека сите клубови го прават тоа. Доколку Лапорта не даде разумно објаснување, мора да поднесе оставка, рече Тебас.
Скандалот со Лапорта доаѓа во време кога Барселона е лидер на табелата во Ла лига со осум бодови предност пред Реал Мадрид по 22 одиграни кола.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат