-->
-->
Театарската претстава „Итриот и завидливиот“ за најмладите во Македонска Каменица
-->
Во организација на Културно информативниот центар „Романса“, Јавната општинска установа детска градинка „Бамби“ и Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во Домот на култура во Македонска Каменица, денес се одржа театарската претстава „Итриот и завидливиот“. Директорот на КИЦ „Романса“, Горан Огнановски информираше дека театарската претстава е наменета за деца од претшколската возраст и за учениците до петто одделение.
-Добро е тоа што театарските претстави во договор со образовните установи во градот се организираат токму во Домот на култура, бидејќи со тоа на дечињата уште од најмали нозе одблиску им ја доловуваме културата. На тоа би ги додал и многубројните посети во изминатиот пероид на основци, средношколци и дечиња од градинката, на разни и многубројни настани во Домот на култура. Како таков би го издвоил и последниот таков настан, односно Ликовната изложба на Лена Ѓуриќ. Настан кој покрај огромната посетеност од граѓани на Македонска Каменица, бележи и значителен број на организирани посети од училиштата и детската градинка, истакна Огнановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава