-->
-->
Тажно: Поради смртта на нивниот другар ја одложиле матурската прослава
-->

Сите 75 матуранти, од четири класа од гимназија во Прњавор, ја откажале матурската вечер, која била закажана за во петок 27. март, поради ненадејната смрт на нивниот соученик, 18. годишниот Емир Југе.
Како што потврдила за „Новости“, Љубинка Станиќ, директорката на гимназијата, матурантите ја одложиле забавата за петок 26 август.
- Дојдоа во училиште за доделување на дипломите. Заедно со нивните класни професори донесоа одлука да се одложи матурската вечер. Едноставно кажано, и покрај фактот што оваа вечер е една од нивните најважни настани во животот, тие одлучија да ја презакажат бидејќи не се во емоционална можност. Оваа одлука е донесена затоа што почина нивниот другар, - изјавила директорката Станиќ.
Матурантот Емир починал во сон, а причина за тоа бил срцев удар. Мртов во креветот го пронашла неговата баба која живеела со него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули