-->
-->
Тажна вест: Почина познат лекар, голема загуба за македонското здравство
-->
Почина примариус д-р Христо Христов (90), оториноларинголог и основоположник на Одделението за уво, грло и нос во Битолската болница во 1957 година, долгогодишен началник на ушното одделение каде извршувал најделикатни операции и единствен доктор за цела југозападна Македонија во тоа време.
Факултет за медицина завршил во Белград, специјализирал во Загреб и учел од надалеку прочуениот доктор Анте Шерцер. Се усовршувал во Полска, Германија, Прага и во други европски градови, како и во Африка.
Во својот работен век, прегледал над 100.000, а оперирал над 25.000 лица. Добитник е на бројни награди и признанија за придонес во здравството, меѓу кои и наградата „4 Ноември“ за посебни заслуги и придонес во здравството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости