Македонија
20. February 2024 - 16:57

Татко и малолетниот син се испотепале па си добија кривични

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(40) и неговиот малолетен син, двајцата од с.Копачин Дол, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство.

- На 31.12.2023, по претходна расправија, настанала пресметка помеѓу пријавените, при што биле употребени остри предмети, а притоа двајцата се здобиле со повреди, соопшти МВР.