Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
Подготвени сме да разговараме за се, за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, рече денеска министерот за здравство, од Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб.
Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет.
-ВРЕДИ е подготвен да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе осетливи теми се ставаат под тепих. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 - 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграција, антикорупција, подобри плати, подобар живот,..., истакна Таравари.
На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во ВРЕДИ се уште не ја отвориле оваа тема.
Ново на Сител
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина
-
Трамп сака да ги врати старите тушеви и светилки: Со новите не можам ни косата да ја измијам
-
Меџити: Се зборува дека Груби е во Албанија, Ахмети е во постојан контакт со него
-
814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава
-
Меџити: Химната може да биде само со музика без текст