Таравари: Најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор - голем чекор напред
Со најновото линеарно зголемување од 2.500 денари за сите вработени во јавниот здравствен сектор направивме уште еден голем чекор напред. Со тоа, вкупното зголемување на платите, заедно со ноемвриското покачување, достигнува 4.815 денари нето за сите здравствени работници, а за медицинските сестри ова зголемување изнесува дури 6.200 денари, изјави на денешната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари.
- Овие бројки не се само статистика - тие значат повеќе сигурност, поголема мотивација и заслужено признание за макотрпната работа на илјадници лекари, сестри, техничари и административен персонал. Просечната плата во здравството, сега се движи околу 50.200 денари - а тоа е повеќе од бројка, тоа е сигнал дека вложуваме сериозно во човечкиот капитал. Октомвриското зголемување од 10.49 отсто во комбинација со тековните мерки донесе кумулативен пораст на платите од 17.18 проценти. А, кога ќе го земеме предвид и фактот дека годишната инфлација изнесува околу 3.5 проценти, реалниот раст за 2024/25 година е 9.4 отсто. За споредба, во периодот од 2021 до 2023 година реалниот раст на платите беше само 3.8 проценти, рече министерот.
Тој посочи дека ова е највисок реален раст на платите во јавното здравство во последната деценија и доказ дека кога има политичка волја, има и резултати.
- Наша цел е да изградиме здравствен систем во кој професионалците ќе се чувствуваат ценети, мотивирани и подготвени да останат и работат тука, дома. Со ова зголемување, испраќаме порака дека достоинството на здравствениот работник не се преговара - тоа се брани и унапредува. И ова е само почеток. Министерството продолжува со работењето на системски реформи насочени кон унапредување на работните услови, дополнително образование и професионален развој, со цел да се обезбеди стабилност и квалитет во здравството, како и да се зајакне довербата на граѓаните во јавните здравствени услуги. Продолжуваме со конкретни чекори, со јасна визија и со непоколеблива решеност да го изградиме здравството кое нашите граѓани го заслужуваат, нагласи Таравари.
Тој смета дека денеска се испраќа силна и јасна порака: „здравствените работници се темелот на нашето здравство - и државата стои зад нив“.
- Како Министерство за здравство, заедно со Владата и синдикатите, активно изминатиот период работевме на унапредување на статусот на здравствените работници и овие промени не се настанати преку ноќ, нагласи Таравари.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска