Таравари: Карантинот за Гостивар не е решение заради штетите врз локалната економија
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари има дилема околу воведувањето на карантин во општината. Според него, тоа би имало тешки последици врз локалната економија, но, како лекар, смета дека воведувањето ваква рeстриктивна мерка е неопходно.
Тој направи паралела со воведувањето на карантинот во некои поразвиени земји каде резултатите се добри, но, таму како што вели економиите се здрави и можат да ги надоместат загубите од државните фондови.
– Имам дилема која се создава од функцијата градоначалник и професијата лекар. Како градоначалник не сум за карантин единствено заради финансискиот опстанок на граѓаните. А како лекар недвојбено е и јасно е, уште утре треба да побараме од Министерството за здравство и Владата карантин за Гостивар. Нашата општина нема големи фабрички капацитети, тука луѓето егизстираат од мали бизниси, дуќани за трговија, кафулиња и работниците главно заработуваат на дневници. Би било погубно тие бизниси да се затворат на еден месец, бидејќи ние немаме државни резерви за такви намени, вели Таравари.
Тој како опозиционер го критикуваше делувањето на државните институции и Владата, бидејќи не се води доволно сметка за социјалниот статус на граѓаните.
За Таравари бројките се очекувани и оцени дека состојба во Македонија е надвор од контрола.
– Како локална самоуправа ние немаме ингеренци во оваа област. Единствено што можеме е да ги советуваме граѓаните да ги спроведуваат мерките и да се придржуваат кон препораките. Како опозиција постојано укажуваме дека во борбата против ковид треба да се има стратегија. Но, сега стигнавме во состојба кога за правење стратегија е веќе доцна, вели тој.
Таравари не знае кога ќе се започне со изградба на модуларна болница, со оглед дека сé уште не е определена соодветна локација, која треба да биде во кругот на болницата.
На брифингот со локалните новинари на темата Ковид-19, Таравари ги коментираше бројките со новозаболени во гостиварскиот регион. Според него во официјалната статистика на Министерството за здравство, Гостивар е во средина по број на инфицирани, а според смртни случаи случаи е во групата со оние каде таа е помала.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже