Таравари: Би прифатил да се кандидирам иако немам некоја посебна желба повторно да бидам градоначалник
Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија, Арбен Таравари секретар на партијата АА соопшти дека Алијанса на Албанците интензивно работи на терен во пресрет на претстојните локални избори
Тој не сакаше да открие кои негови сопартијци ќе се кандидираат за градоначалници.
-Претседателот Села кажа дека тој би посакал повторно да продолжат тие три градоначалници. Меѓутоа, повторно ви велам, бидејќи се работи за сериозна партија, тоа го одрлучуваат Собранијата на ограниците, тие кандидираат и тие избираат кој ќе биде. Меѓутоа, барем во Централното претседателство разговаравме, бидејќи се работи за три општини, кадешто ако ги гледате анкетите, како стои АА, па и резултатите од парламентарните избори во 2020 година, доминираме апсолутно. Се надевам дека повторно ќе ни се даде мандат на нас, кои раководиме со три општини. Меѓутоа, дефинитивно тоа го одлучува Собранието на огранокот во одредена општина, конктретно во Гостивар, Боговиње и Врапчиште. И тоа потоа мора помине на Централното претседателство, рече Таравари.
Прашан дали би прифатил повторно да се кандидира за градоначалник, рече анкетите покажувале оти АА има поддршка во Гостивар.
-Јас би прифатил, иако ако ме прашувате лично не би имал некоја желба да продолжам. Сметам дека еден градоначалник може да покаже сѐ што знае за четири години и нема потреба од втор мандат. Меѓутоа, партијата е во еден период кога претендираме да имаме барем седум-осум, девет или десет општини. Имаме релативно добри кандидатури, рече Таравари, откривајќи дека најверојатно четворица или петмина од кандидатите се доктори по професија.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор